Од ноќеска на полноќ ќе се точи поевтино гориво

Фото: Архива на „Слободен печат“

Бензините поевтинуваат за половина, дизелот за еден денар.

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали цените на нафтените деривати и со новите измени се предвидува поевтинување и на дизелот и на бензините.

Според математиките на РКЕ од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари и ќе изнесува 48,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 30.03.2020 година и ќе се продава по цена од 45,00 ден/литар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот