Од ноќеска горивата со нови цени
Од ноќеска ќе има мало зголемување на цената на бензините за половина односно за еден денар, додека пак дизелот поевтинува за 0,50 денари по литар.
Регулаторна го објави новиот ценовник за нафтените деривати во земјава. Според одлуката на регулаторите за неделава ќе има само мала корекција во цените.
Од ноќеска ќе има мало зголемување на цената на бензините за половина односно за еден денар, додека пак дизелот поевтинува за 0,50 денари по литар.
Со новите измени малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денари/литар и новата цена сега ќе изнесува 50,50 ден/лит.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за 0,50 денари/литар и ќе изнесува 52,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 42,00 ден/лит.