Oд НЛБ во Чаир украдени се 150.000 евра – Слободен печат
ВестиХроника

Oд НЛБ во Чаир украдени се 150.000 евра

Вооружениот грабеж се случи вчера во 10.36 часот, при што беше повредени едно лице од обезбедувањето, како и двајца вработени во експозитурата.

Сто и педесет илјади евра се одземени во вчерашниот грабеж во експозитурата на НЛБ банка во Чаир, соопштија од Банката.

Вооружениот грабеж се случи вчера во 10.36 часот, при што беше повредени едно лице од обезбедувањето, како и двајца вработени во експозитурата, кои беа полесно повредени и се пуштени на домашно лекување.

Банката продолжува да работи редовно и да соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Експозитурата во Чаир ќе продолжи со работа и да опслужува клиенти од утре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close