ОД НАС ИМАТЕ ВИЈАГРА, ВАШЕ Е ДА СЕ ДОСЕЛИТЕ: Очајнички обид на француски градоначалник за повеќе деца!

Француски градоначалник нуди бесплатна Вијагра на парови во својот град за да ја зголеми стапката на наталитет.

Жан Дебоузи, градоначалник на Монтере на север од Франција, издал наредба во која се вели дека е „отворен за дистрибуција на мали плави пилули“.

Тој вели дека презема акција, бидејќи се помал е бројот на деца во градот, а две училишта се пред затворање. Вијагра може да добијат парови кои живеат таму, како и оние кои ќе се доселат.
„Село без деца е село кое умира“, изјави градоначалникот.


На Французите обично им е потревен лекарски рецепт за да добијат Вијагра, така што тешко дека ќе може Дебузи да го исполни ветувањето.

На пописот од 2018 година просечен број на деца родени по жена бил 2,06. Тоа е повеќе од повеќето развиени земји, Велика Британија има 1,89, САД има 1,87 и Германија 1,46.жСепак вкупната стапка на наталитетот опаѓа четврта година по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот