Од наесен повторно хартиен билет за едно возење во јавниот превоз- Слободен печат

Од наесен повторно хартиен билет за едно возење во јавниот превоз

Во автобусите на ЈСП – Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење.

ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз. Оттаму информираат дека е избрана компанијата што доставила најдобра понуда, во овие денови тече периодот на жалби од останатите понудувачи, по што и официјално ќе биде склучен договорот.

Советот на град Скопје треба допрва да ја утврди цената на билетот за едно возење, по што претстојната есен хартиениот билет ќе може повторно да се купи во автобусите.

Оваа новина е само една од бројните поволности што од наесен ќе ги добијат корисниците на скопскиот јавен превоз. Најдоцна за 4 месеци, на граѓаните ќе им биде достапна Андроид апликација за паметни телефони, преку која ќе можат самите да ја надополнуваат картичката „Скопска“, да имаат увид во нивната сметка и да дознаат кои активирани билети можат да ги користат во автобусите. Идната апликација ќе нуди информации за времето на пристигнување на автобусите, шемата на линии и мапа со филтер за пребарување.

Од претстојната есен граѓаните ќе можат и преку Гугл мапата поедноставно да ги планираат рутите на движење со јавниот превоз. Во зависност од локацијата на патникот, на Гугл ќе може да се провери која е најблиската автобуска станица, кој автобус треба да се фати за посакуваното патување и слични податоци.

– Има повеќе поволности, кои сегашниот систем не ги поседува, а од пракса е утврдено дека се повеќе од потребни – велат за „Мета“ од ЈСП. Сите поволности што допрва ќе се воведат есенва ќе важат не само за автобусите на ЈСП, туку и за приватните превозници.

Прочитај повеќе

Владата ги поништи решенијата на Мизрахи за разрешување директори на центрите за социјална работа

Слободен печат

Тачи ќе соработува со Курти за приближување на Косово кон ЕУ и НАТО

Слободен Печат

Косовски медиуми: Авиолинијата Белград – Приштина ја загрозува независноста на Косово

Слободен Печат

Голем пожар во зграда во Загреб (ВИДЕО)

Слободен Печат

Најмалку 23 цивили загинаа во руски воздушен напад во Сирија

Слободен Печат

Расправија во Сенатот за правилата на процесот на импичмент на Трамп

Слободен печат

Остави Коментар

11 − nine =

Прочитај повеќе

Столтенберг: НАТО мора да ги засили обуките во Ирак за да не се повтори борбата против ИД

Слободен печат

Зголемувањето на платите во јавниот сектор во Шпанија државата ќе ја чини 3,21 милијарди евра

Слободен Печат

Владата обезбеди материјална помош и домување за Атиџе и осумчленото семејство во „Медена земја“

Слободен Печат

Најнова месечна прогноза: Заврши зимата во Европа

Слободен печат

Прв случај на заразен од коронавирусот во САД

Слободен Печат

КЛИМАТСКА КРИЗА: Шпанската влада предложи мерки за борба против климатските промени

Слободен печат