Од малолетна проститутка до црвениот тепих во Кан

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Захиа Дехар е најпознатата француска проститутка која во центарот на вниманието на јавноста дојде пред една деценија поради фудбалските репрезентативци, Френк Рибери и Карим Бензема, а денеска гордо чекори на црвениот тепих во Кан.

Најтешките денови за Захиа Дехар се зад неа, откако пред девет години, јавноста откри дека сексуални услуги им давала на Рибери и Бензема. Тогаш 15-годишната малолетната проститутка имаше сексуални односи со двајцата фудбалери, но самата Захиа им зборувала дека не е малолетна, и има 18 години. Поради тоа, двајцата фудбалери беа ослободени од обвинението, а Захиа Дехар призна дека била роденденски подарок за Рибери за што добила 700 евра.

По „фудбалската афера“, почна да работи како фото модел, на модна ревија дури носеше модели и на светски познатиот Карл Лагерфелд, а сега веќе се испроба и во филмската индустрија. Захиа Дехар ја игра главната улога во филмот „Лесна девојка“ на режисерката Ребека Златковски, со која се појави на филмскиот фестивал во Кан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот