Од Македонија си замина на 16 години, а денеска е сопственик на три ресторани во Германија (ФОТО)

Штегу

Приклучувајќи му се на семејството, Армин Садики од Групчин, тетовско Желино, реши да замине во Германија и да го реализира својот сон во областа на гастрономијата. Имал само 16 години кога ги започнал студиите од областа на угостителството, а заврши со успех образование на германски јазик. Потоа, започна да ја практикува неговата професија со тоа што на почеток менаџираше еден ресторан, па уште еден и конечно Армин го има и третиот ресторан.

Армин од Македонија со неговиот успех стана дел од главните страници на германските весници. Дневниот германски весник „Moz.de“ пишува дека ресторанот „Am Yachthafen“ во Фурстенберг, по четврти пат го менува својот сопственик. Овој пат, новиот сопственик не е никој друг освен Армин, кој во понеделникот потпишал договор со поранешниот шеф Јоаким Шок и Јохен Кон, пренесува Штегу.ком.

Младото момче од Македонија во неговите ресторани повеќе служи италијански специалитети, а пак многубројните германски гости како и други, секогаш се задоволни од неговите јадења.

Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот