Од Лондон преку Сенегал и Фокландските Острови: Пристигнаа првите ковид вакцини на Антарктикот

Вакцините пристигнаа на Антарктикот/ Фото EPA

Пратката со вакцини против ковид-19 патувајќи низ четирите континенти пристигнала во британската антарктичка база во Ротер, на Јужниот пол, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Велика Британија, пренесува Би-Би-Си.

Вакцините „АстраЗенека“ ќе вакцинираат 23 лица во базата.

Пратката пристигнала од воената база северозападно од Лондон, преку Сенегал и островите Малвинас, на островот Аделаида, на Антарктичкиот Полуостров.

16 илјади километри за 92 часа

Пратката поминала околу 16.000 километри за помалку од 92 часа, при што била одржана контролирана температура од два до осум Целзиусови степени на која се чуваат овие вакцини.

Зимно време, околу дваесет луѓе престојуваат во базата Ротер, додека во текот на летото таму има околу 100 луѓе, вклучувајќи биолози, метеоролози, инженери, како и по еден нуркач и еден доктор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот