Од Ливерпул во Партизан: Црно-белите го вратија „своето дете“! (ФОТО)

twitter.com/TheKopiteOFF

Марковиќ со Партизан потпиша договор на три години, а 25-годишниот крилен фудбалер се врати во Хумска после шест години интернационално искуство.

Беше дел од Белфика, па во периодот од 2014-2019 ги бранеше боите на Ливерпул (19 натпревари, два голови). Беше на позајмица во Фенербахче, Спортинг Лисабон, Хал Сити и Андерлехт, а го носеше и дресот на Фулам.

Ја започна својата фудбалска кариера во Борац од Чачак, а за сениорите на Партизан дебитираше на 9 мај 2011 година.

Со клубот трипати го освои српскиот шампионат и се закити со еден куп трофеј, а севкупно имаше учинок од 65 одиграни натпревари и постигна 14 голови за „црно-белите“.

Летово преку квалификациите, фудбалерите на тренерот Саво Милошевиќ успеаја да обезбедат настап во групната фаза на Лига Европа, се наоѓаат во група со Манчестер јунајтед, Астана и АЗ Алкмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот