Од лаги до вистина или обратно? Вилијам и Хари биле „држени во мрак“ додека се снимал филмот за смртта на принцезата Дијана

Погребот на принцеза Дијана/Фејсбук
Погребот на принцеза Дијана/Фејсбук

Нов документарец за смртта на принцезата Дијана ќе се емитува на британскиот Канал 4, а ќе се занимава со „како моќните поединци, печатот и интернетот создадоа и поттикнаа теории на заговор кои ги надминале фактите и ја довеле во прашање самата природа на вистината“ за нејзината смрт.

Изворите потврдиле дека ниту принцот Вилијам ниту принцот Хари не биле консултирани пред серијата која ќе се емитува во четири дела.

принцеза дијана роденден
Фото: Профимедиа

„Смртта во Париз“ ќе се емитува на „Канал 4“ на крајот на август, за да се совпадне со годишнината од смртта на Дијана во 1997 година, а серијата ќе ги испита теориите на заговор за кои продуцентите велат дека се невистинити.

Документарецот „за првпат ќе ја раскаже целата приказна“ за истрагите на француските полицајци од групоте Criminelle и Met Police за смртта на Дијана – и ќе вклучува интервјуа со детективи, од кои некои зборуваат првпат зборуваат за своите искуства.

Ќе ги разгледа „ненаситните барања на јавноста за одговори“ и „како моќните поединци, печатот и Интернетот создадоа и поттикнаа теории на заговор кои ги прегазија фактите и ја доведоа во прашање самата природа на вистината“.

Смртта на принцезата Дијана во сообраќајна несреќа во 1997 година во Париз го шокираше светот и предизвика дебата за тоа како и зошто починала.

Хенри Сингер, извршен продуцент на „Sandpaper Films“, рекол: „Ова е навистина важна серија, не само затоа што се надеваме дека ќе ги запреме теориите на заговор кои продолжуваат да ја прикриваат вистината за она што се случи во тунелот Алма (во Париз) таа ноќ – туку затоа што приказната денес е прозорец кон светот, каде што теориите за заговори повеќе не живеат во мрачните агли на интернетот, туку станаа мејнстрим и всушност ги туркаат луѓе на позиции на вистинска моќ“.

Фото: Профимедиа

Во серијата, исто така, ќе се слушне како детективите ја бркале секоја трага додека маневрирале помеѓу несигурни сведоци и погрешни сеќавања.

Шаминдер Нахал, уредник на Канал 4, додал дека оваа крајно убедлива серија детално истражува што се случило во истрагата по смртта на принцезата Дијана – како им било на детективите кои работеле на големата планетарна приказна која не само што била трагедија за членовите на семејството, туку и огромен интернет феномен.

„На крајот, серијата поставува длабоки прашања за нас самите како општество и за природата на вистината“.

Шестмесечната истрага во 2007 година заклучила дека смртта на Дијана, нејзиниот партнер Доди Ал Фајед и нивниот шофер Хенри Пол била предизвикана од „крајно невнимателно возење“ и покрај многуте теории на заговор околу причината за трагичната смрт на принцезата, сите се дискредитирани.

Судот утврдил дека принцезата Дијана и Доди загинале поради „незаконското возење на мерцедесот од страна на нивниот возач, неговото пијанство, фактот дека не биле врзани и начинот на кој папараците ги следеле“.

Принцовите Вилијам и Хари, кои во моментот на трагедијата имале 15 и 12 години, тогаш рекле дека се согласуваат со одлуката на судот во соопштението објавено по пресудата, кое беше напишано во кралската куќа.

Фото: Профимедиа

Инаку, уште еден документарен филм за животот на Дијана ќе биде достапен на ТВ Скај од 14 август, а веќе предизвика контроверзии поради вклучувањето на снимки од нејзиното интервју за „Панорама“ со Мартин Башир од 1995 година.

Војводата од Кембриџ претходно повика таа конкретна снимка од неговата мајка никогаш повеќе да не се прикажува, а „Би-би-си“ вети дека нема да ја емитува или лиценцира.

Ќерката на Кејт Мидлтон или ќерката на Меган Маркл? Која внука ќе го наследи скапоцениот накит на принцезата Дијана

ФОТО | Принцовите повторно заедно: Ја отскрија статуата на принцезата Дијана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот