Од ковид почина мајката на милијардерот Бренсон
Мајката на британскиот милијардер и основач на Вирџин групата, Ричард Бренсон почина од последиците на ковид-19.
Веста ја соопшти самиот Бренсон на својот блог.
Тој објави дека неговата мајка „ја извојуваше последната победа борејќи се со вирусот, но во тој процес ја потроши сета своја енергија“. Ева Бренсон почина на возраст од 96 години, објави Си-Ен-Ен.
Бренсон напиша дека една од неговите сестри и внукот биле покрај Ева „до самиот крај“, токму како и „прекрасните медицински сестри кои ги забавуваше со приказни од својот живот“.
Пишувајќи за животот на својата мајка, Бренсон напиша дека своите деца ги учела за „важноста на напорната работа, да ги третираат луѓето онака како што самите сакаат да бидат третирани, како и за претприемаштвото, но и дека не смеат себеси да се сфаќаат премногу сериозно“.
„Беше инвентивна, бестрашна и неуморна – претприемачка пред светот да го знае тој збор“, напиша Бренсон.
Милијардерот напиша и дека го покренал Вирџин кога мајката му дала 100 фунти кои ги заработила од продажба на ѓердан. Таткото на Бренсон почина во 2011 година. Тие освен на Ричард им беа родители и на ќерките Линди и Ванеса.