Од Ковид-19 заразени над 100 милиони луѓе во светот

Скопје, октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

 Бројот на заразени случаи од коронавирус во светот вечерва надмина 100 милиони.

Од почетокот на пандемијата се регистрирани 100.084.449 случаи на Ковид-19, додека како последица од вирусот почибале 2.144.851 пациент.

Од Ковид-19 досега се излекувани 72.018.275 луѓе.

Најголем број смртни случаи имаат САД (речиси 430.000), потоа следуваат Бразил (217.000), Индија (153.000), Мексико (149.000) и Велика Британија (98.000)

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот