Од Ковид-19 почина кичевскиот муфтија Мурат Хусеини

Шеесет и осумгодишниот муфтија на кичевското муфтиство, Хаџи Мурат Ефенди Хусеини почина од
Ковид-19.

– Тој целиот свој живот го посвети на исламот и организацијата на религиозниот живот во Кичево и низ целата територија на ИВЗ. Тој беше учител на исламот, мудар, претпазлив, паметен, праведен, дарежлив, близок до луѓето, солидарен во секој момент и ситуација. Тој почина кога сè уште ја имаше религиозната и интелектуалната моќ да придонесува уште во служба на верата, а денеска отиде на другиот свет.Останува на нас да се молиме на семоќниот Аллах да го помилуваме со својата бесконечна милост, истакна секретарот на Муфтиството во Кичево, Ќамил Рушити.

Од Кризниот штаб за Ковид-19 во Кичево велат дека Кичевскиот муфтија пред неколку дена бил испратен на Скопската клиника во тешка состојба, а во Кичево не бил тестиран, туку тестот му бил направен во Скопје.

-Пациентот на 02.07 во четвртокот во тешка состојба се јавил кај матичниот лекар, матичниот лекар откако ја утврдил неговата состојба дека има тешкотии со дишењето, пад на заситеност со кислород и кашлица, со Брза помош го испратиле на клиниката „8 Септември“ во Скопје како сомнителен на Ковид-19. Две недели бил лекуван на таа клиника, вели Џабир Бајрами, Кризен штаб за Ковид-19, Кичево.

До сега во Кичево 88 лица се заразиле од Ковид-19, од кои 75 се активни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот