Од Ковакс бараат дополнителни средства и дози вакцини

Иницијаторите на меѓународната програма Ковакс, чија цел е рамномерна дистрибуција на вакцини против коронавирусот, побараа помош од владите и приватниот сектор за да се реализира планираната испорака на две милијарди дози во 2021 година.

Во апелот на иницијаторите на тој механизам, вклучително и Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, се наведува дека, за разлика од земјите кои напредувале во процесот на вакцинирање на населението, епидемиолошката состојба во остатокот од светот е загрижувачка, особено по брзото ширење на инфекцијата во Јужна Азија.

Тие наведоа дека преку програмата Ковакс се испорачани повеќе од 70 милиони дози во 126 земји и територии низ целиот свет и дека 35 земји ја добиле првата вакцина благодарение на тој механизам.

Милиони долари и дози на вакцини беа ветени на самитот на донатори на 21 мај, со што досега се обезбедени на 150 милиони дози, се наведува и се додава дека сега е императив да се обезбедат средства и вакцини за сиромашните земји на самитот на Ковакс на 2 јуни.

Со цел да се испорачаат две милијарди дози вакцини во 2021 година и 1,8 милијарди дози во 92 сиромашни земји до почетокот на 2022 година, владите и приватниот сектор мора итно да обезбедат нови извори на дози и средства за испорака, се вели во апелот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот