Од коронавирусот почина актерот од „Војна на ѕвездите“

Фото: Star War

Британскиот актер и вокален тренер Ендру Џек, актерот од „Војна на ѕвездите“, вчера (вторник) почина во 76 година од коронавирусот, потврди неговиот агент Џил Меклау.

Џек почина во болницата во „Surrey“.

Актерот го има позајмено гласот во над 70 блокбастери и франшизи, вклучувајќи ги и „Guardians of the Galaxy“ и „The Avengers“.

– Ендру живееше во една од најстарите куќи на Темза, беше бестрашно независен но лудо заљубен во својата сопруга – изјави неговиот агент, Џил.

Пред да се зарази, актерот активно работел на новиот Бетмен, кој својата премиера треба да ја добие во 2021 година.

– Неговата сопруга не можеше да го види или да зборува со него пред неговата смрт бидејќи веќе две недели е во Австралија,, а постои и можност да не се одржи погреб- соопшти неговиот агент.

Ендру играше во “Star Wars: Episode VIII — The Last Jedi’ како и во “Solo: A Star Wars Story” и “Star Wars: Episode VII — The Force Awakens”.

Неговата сопруга Габриела Роџерс, која е во карантин во Австралија сподели дека актерот не се мачел.

– Коронавирусот на Ендру му беше откриен пред два дена. Немаше болки, замина во мир, знаејќи дека неговото семејство е покрај него – напиша Габриел на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот