Од коронавирус починаа 821 лица, но еден податок сепак ги охрабрува Италијанците

И покрај тоа што е намален бројот на починати во Ломбардија, жариштето на коронавирусот на Апенините, Италија заклучи уште еден ден со голема бројка на умрени, дури 812 лица.

Меѓутоа, еден податок многу ги охрабрува Италијанците, но и сите кои со големо внимание ги следат случувањата во земјата со 60 милиони жители, а тоа е бројот на новозаболени.

Имено, денес се забележани 4.050 нови случаи на заразени со коронавирус што е значително помалку од вчерашните 5.217 случаи. Во четвртокот имаше 6.153, петокот 5.909, во саботата 5.974….

Според мислењето на италијанските експерти епидемијата го достигнала врвот, и тие се надеваат дека до крајот на неделата ситуацијата би можела да биде значително подобра и пооптимистична.

Во Италија досега од коронавирус се заболени 101.739 лица, починати се 11.591, додека оздравени се 14.620 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот