Од коронавирус почина поранешниот началник на СВР Велес, Игор Ангеловски

Игор Ангеловски, поранешниот началник на СВР Велес, почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последици од ковид-19.

Ангеловски бил хоспитализиран на велешкото инфективно одделение на 7. октомври, а потоа му се влошила состојбата, и бил префрлен на скопска клиника. Претходно неколку дена минал на респиратор. Почина на 41. година, и со тоа стана најмладата жртва на ковид-19 во Велес.

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов се прости од него на социјалната мрежа фејсбук, каде напиша дека е шокиран од веста и изрази сочувство до семејството.

-Шокиран сум од сознанието дека овој силен, здрав и прав млад човек почина од компликации предизвикани од Ковид 19. Игор не можеме да го вратиме но во оваа прилика чувствувам потреба да повикам да се почитуваат мерките за заштита од Ковид 19 без разлика дали и колку верувате во нив. Искрено сочувство до семејството- напиша Ангелов.

 

Ангеловски беше началник на СВР Велес оваа година од 10 јануари до 27 јули, кога функцијата министер за внатрешни работи ја извршуваше Наќе Чулев.

Ангеловски е 25-тата жртва од Велес на коронавирусот од почетокот на епидемијата. Само во текот на минатата недела досега починаа 10 лица од овој град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот