Градоначалникот на Крушево Томе Христоски, на Фејсбук објави дека членка на Советот на Општина Крушево, починала од Ковид 19.
„Денес ја загубивме нашата сограѓанка, член на Совет на општина Крушево, наставник и работник за влашката култура во Крушево. Коронавирусот нѝ одзеде уште еден живот.
Секогаш да го паметиме придонесот на Агапи Чункоска во Советот, ООУ „Никола Карев“, но и генерално на општина Крушево.
Нејзината смрт нека биде поука за сите нас да ги почитуваме мерките и препораките за спречување од ширење на коронавирусот.
Сочувство до семејството. Нека почива во мир.“ напиша Христоски