Од коронавирус почина 16-годишно девојче на Инфективната клиника

Инфективна клиника / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Шеснаесетгодишно девојче од тетовското село Сиричино почина на Инфективната клиника во Скопје. Пациентката во тешка здравствена состојба била примена на клиниката и по неколкудневни неуспешни обиди да се спаси нејзиниот живот, починала.

Засега не е познато дали имала хронични заболувања, но директорката на Клиниката, доктор Милена Стевановиќ пред четири дена изјави дека за пациентката не е познато дали има коморбидитети. Ова не е првпат млади пациенти да умираат од компликации од коронавирусот во земјава. Летово најмладата жртва на коронавирусот беше петнаесетгодишна девојка од тетовско Селце, која исто имаше коморбидитети. Минатата недела почина 17- годишно девојче од Демир Хисар, хоспитализирано во тешка состојба со ниска сатурација и висока температура, претходно лекувано дома но неуспешно.

Оваа девојка не примила вакцина и имала коморбидитет дијабетес. Начинот на нејзиното лекување е предмет на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот