Од корона почина олимписка шампионка
Дијана Игали, олимписка шампионка од Атина, почина во 56. gодина од животот како последица од коронавирусот, објави стрелачката федерација на Унгарија.
Игали во вторникот заврши во болница поради компликации со коронавирусот, а три дена подоцна ја загуби најважната битка во животот.
Дијана Игали се натпреваруваше во дисциплината скит и на Олимписките игри во Атина 2004 година го освои златниот медал. Таа на Игрите во Атина промаши сами три пати и со тоа го надмина резултатот од Олимписките игри во Сиднеј 2000 година кога имаше седум промашувања и го освои бронзениот медал.
На ОИ во Пекинг го освои осмото место, а освен олимписките има и повеќе медали од Светските и Европските првенства. Четири пати победуваше на СП и уште шест пати на ЕП.
Поради големите успеси, европската стрелачка федерација ја означи како вистинска легенда на овој спорт.