Од комарците нема спас: Со мраз и оцет на­ма­ле­те го че­ша­ње­то

pixabay

Ре­чи­си и да не­ма чо­век кој е имун на убо­ди­те од ма­ли­те нат­рап­ни­ци што се на­јо­пас­ни на­ве­чер или пак нај­мно­гу ка­са­ат то­гаш ко­га се на­о­ѓа­те во непос­ре­дна бли­зи­на на вода.

Прва­та мис­ла што ќе ви пад­не на па­мет, а во обид да се заш­ти­ти­те од убодите на ко­мар­ците е да се ис­пр­ска­те или пак да се на­мач­ка­те со од­ре­де­ни кре­ми и спре­јо­ви што се про­да­ва­ат во ап­те­ки­те и слу­жат ток­му за таа на­мена.

Се­пак, до­кол­ку не са­ка­те сво­ја­та ко­жа да ја тре­ти­ра­те со нај­раз­лич­ни хе­ми­ка­лии, оби­де­те се со не­кол­ку при­род­ни на­мир­ни­ци да се заш­ти­ти­те се­бе­си од убо­ди­те на ко­мар­ци­те, а ако ве­ќе „сте нас­тра­дале“ од овие ма­ли ин­секти, еве ка­ко поб­р­зо да прес­та­не да ве че­ша ве­ќе над­раз­не­то­то место.

Мраз

Са­мо ед­на коцка мраз мо­же да ви го опуш­ти мус­ку­лот на кој ве­ќе е нап­ра­вен убо­дот. Сè што тре­ба да нап­ра­ви­те е неж­но да го три­е­те мес­то­то со мра­зот.

Оцет

До­кол­ку не во пре­чи ми­ри­сот на оце­тот, еден час пред да из­ле­зете препо­рач­ли­во е да ги на­мач­ка­те де­ло­ви­те од те­ло­то што не­ма да ви би­дат пок­ри­е­ни со об­ле­ка и на тој на­чин да би­де­те си­гур­ни де­ка во рок од 3 до 4 ча­са не­ма да би­де­те „на­пад­нати“ од глад­ни ко­марци.

Пас­та за заби

За да го на­ма­ли­те че­ша­ње­то и да ја спре­чи­те по­ја­ва­та на ото­ци на ири­ти­ра­но­то место, на­мач­кај­те го со пас­та за заби. Мен­то­лот што се на­о­ѓа во пас­та­та за за­би ќе ги оддалечи здодевните ко­мар­ци­ од вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот