Од која возраст децата може да ги вклучиме во домашните активности и во кои активности - Слободен печат

Од која возраст децата може да ги вклучиме во домашните активности и во кои активности

Доверувањето на децата на едноставни домашни работи ги прави поодговорни, понезависни и самоуверени.

На децата треба да им доверуваме домашни задачи бидејќи на тој начин детето се чувствува корисно и почитувано во семејството. Со вклучувањето на детето во домашните активности ја зајакнуваме неговата самодоверба, како и неговиот карактер. Но, во што можеме да ги вклучиме дечињата и кога?

На 2 – 3 годишна возраст

Дури и од многу мали, децата можат да помогнат дома. На 2-3-годишна возраст, сигурно не можеме да го натераме детенцето да извршува сложени домашни работи, но можеме да започнеме со наједноставни активности, како на пример: собирање играчки, помагање во чистење на течности или храна што е падната на земја, ставање на валкана облека во корпа.

На 4-5 годишна возраст

На оваа возраст децата можат да извршат нешто посложени активности како што се чистење на терпезариската маса после ручекот / вечерата, местење на креветот, миење садови.

Прочитајте и...  Кралицата Летиција во кариран костум со машки крој

На 6-7 годишна возраст

На оваа возраст, децата развиваат рачни вештини и ја зајакнуваат желбата за автономија. Во оваа фаза на нивниот раст можеме да им понудиме да нѝ помогнат околу лупење на кратавицата или морковите, да ја здиплат постелината или алиштата, да го отстранат коровот од градината.

На 8-9 годишна возраст

Сега списокот на работи што можат да ги направат станува подолг затоа што тие се многу понезависни. Така, нема да биде тешко да ги натерате да ја исчистат својата соба, на пример, со правосмукалка, да го соберат и фрлат ѓубрето, да ја испразнат или да ја наполнат машината за миење садови, како и машината за перење алишта, да ги наредат намирниците во фрижидерот.

Прочитајте и...  Како да измамите насмевка кај бебињата?

На 10-11 годишна возраст

На возраст од 10-11 години, децата почнуваат да стекнуваат чувство на одговорност и можат да се вклучат во активности како што се чистење на бања или кујна, чистење на подот или вклучување во подготовката на ручекот, се разбира, под надзор на возрасни.

Од 12 години

На оваа возраст, децата се многу поодговорни, па време е да започнат да помагаат во некои работи со поголема одговорност и автономија. Соодветните задачи за оваа возрасна група се грижата за помладиот брат/сестра, сами да се капат и сами да ги измијат садовите.

Прочитај повеќе

Кралицата Летиција во кариран костум со машки крој

Слободен печат

Хороскоп за 27 јануари – Прочитајте каков ќе ви биде овој понеделник!

Слободен печат

Виц на денот: Несоница

Слободен печат

За мирна ноќ: Совети како да го олесните спиењето со затнат нос

Слободен Печат

Колку поекстремно, толку повпечатливо: Вака се облекуваа на „Греми“ наназад низ годините (ФОТО)

Слободен печат

Како да измамите насмевка кај бебињата?

Слободен печат

Остави Коментар

eighteen − seven =

Прочитај повеќе

Хороскопот открива: Која е идеалната професија за вас

Слободен печат

Научно докажано: Доколку имате миленик вие сте добар човек!

Слободен печат

Зошто жените изневеруваат: Се чини дека за тоа е виновна биологијата!

Слободен печат

Наши миленици: МИСИ

Слободен печат

Најстарата манекенка и во 9-та деценија остава без здив

Слободен печат

Кејт Аптон: Бебето ми е поважно од слабеењето!

Слободен печат