Од карантин во Шпанија избегале 59 мигранти

Група од 59 мигранти избегале од спортска сала во Шпанија, каде биле задржани во карантин, бидејќи било утврдено дека биле во контакт со лица заразени со коронавирусот, јавија денеска шпанските медиуми.

Властите во југоисточниот шпански регион Мурсија соопштија дека на мигрантите им бил одреден карантин од 14 дена во спортска сала во близина на градот Картагена, пишува „Ла Вердад”.

Полицијата досега успеала да пронајде и да врати во карантин 15 избегани мигранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот