Од кампот во Вучјак префрлени 350 мигранти близу Сараево

Во Босна и Херцеговина, синоќа речиси 350 мигранти беа депортирани со автобус од кампот во Вучјак, кај Бихаќ до Ушивак близу Сараево. Тие таму ќе престојуваат во текот на зимата, додека не се оспособи касарната во Блажуj.

Силни полициски сили го обезбедуваа пристигнување на мигрантите на локалитетот, а порталот „Кликс” известува дека сè поминало без инциденти.

Меѓутоа, првично само три автобуси влегле  во касарната Ушивак, додека пет биле запрени во Хаџиќи. Сепак, и тие подоцна биле пренесени и касарната Ушивак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот