Од Југо 45 до Куќата на славните во Спрингфилд

Владе Дивац вчера и официјално е примен во кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд. Еден од првите кои му честита на поранешниот центар на ЛА лејкерс, Шарлот, Сакраменто  и на Партизан, беше неговиот соиграч од репрезентацијата на некогашната СФР Југославија, Дино Раѓа кој пак минатата година беше примен во Куќата на славните.

Раѓа се потсети на својот влез во Спрингфилф со тоа што објави фотографија на својот профил на Инстаграм. Тој објави фотографија од својот и од прстенот на Дивац, притоа „зачинувајќи“ ја фотографијата со интересен коментар кој го насмеа регионот.

„Од Југо 45 до ова“, напиша Раѓа и притоа објасни зашто постојано го споменува култниот автомобил во некогашната драва.

„Зашто постојано го споменувам Југо 45. Бидејќи еднаш кога одевме на подготовки со репрезентацијата, возевме 300 километри без сопирачки. Како сопиравме, сè уште не знам“, објасни легендарниот кошаркар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот