Од Израел со срце: Донирани апарати за критични новороденчиња на Клиниката за детски болести

Министерството за здравство (МЗ) информира дека денеска на Kлиниката за детски болeсти беше предадена донација од амбасадата на Израел по иницијатива на амбасадорот Ден Ориан.

Фото: Министерство за здравство

– Донацијата се состои од перфузори (инфузиони пумпи) за правилно дозирање на терапија и венвјуери за скенирање на вени кај критични новороденчиња. Со венвјуер апаратите за првпат ќе се врши одредување на пнеумоторакс односно зголемен воздушен притисок во бели дробови кај бебиња. Овие апарати ќе се монтираат во амбуланти возила за транспорт на критично болни деца, кои во државата треба да стигнат до крајот на 2021 година.

Фото: Министерство за здравство

Денешната донација е дел од Перимак проектот на Проџект Хоуп во РСМ кој има за цел да го организира неонаталниот транспорт во државата и да ја редуцира перинаталната смртност. Овој проект е имплементиран со поддршка на МЗ и започна во 2017 година, информираат од МЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот