Од Иран се загрижени: Европа да преземе практични и ефикасни мерки – Слободен печат
ВестиПланета

Од Иран се загрижени: Европа да преземе практични и ефикасни мерки

Мусави реагирал на повикот на Франција, Велика Британија и Германија, кои го имаат потпишано меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма.

Иран и натаму се залага за опстојување на договорот за иранската нуклеарна програма, па со таа цел ја повикаа Европа да се преземат „практични и ефикасни мерки“.

Според зборовите на портпаролот на иранската дипломатија Абас Мусави, не е реално да се очекува Иран да се врати на условите пред 8 мај 2019 година, а Европејците да не покажат политичка волја и способност, и да дозволат Иран во пракса да го користи договорот.

Мусави реагирал на повикот на Франција, Велика Британија и Германија, кои го имаат потпишано меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма, со цел иранските власти да ги смират тензиите и да го продолжат дијалогот.

„Загрижени сме поради опасноста договорот постигнат во 2015 година да пропадне под притисок на санкциите кои САД ги воведе и одлуките на Иран да не применува никакви обврски од договорот“, стои во заедничкото соопштение.

Се додава дека три земји се длабоко загрижени поради неодамнешните случувања во Заливот и влошувањето на безбедносната ситуација во тој регион.

„Веруваме дека дојде момент да го разбереме делувањето и пронаоѓањето на начин за спречување на ескалација на тензиите и враќање кон дијалогот“, се додава во соопштението.

Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека Иран на 8 јули започнал да го збогатува ураниумот над дозволеното ограничување од 3,67 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close