Од идниот месец во Австрија се ублажуваат антиковид рестрикциите

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австрија постепено ги олеснува мерките против коронавирусот и покрај големиот број нови инфекции.

-Од 5 февруари постојниот полициски час наместо до 22 часот ќе почне на полноќ. Обврската за тестирање или вакцинирање на малопродажниот сектор од 12 февруари се укинува, изјави денеска канцеларот Карл Нехамер.

Во рестораните и кафулињата од 19 февруари ќе може да се влезе со негативен тест, а не само со потврда за вакцинација или  прележан Ковид. Како причина за олеснување на мерките се наведува намалениот притисок врз болниците.

-Бројките се стабилни и на очекувано добро ниво, рече Нехамер за ситуацијата во болниците и одделите за интензивна нега.

Министерката за туризам Елизабет Костингер рече дека новата регулатива за полициски час треба да се поздрави бидејќи тоа ќе биде од корист за бизнисите и туристите. Седумдневната стапка на инциденца во Австрија моментно е 2.400 на 100.000 жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот