Од „Глобал“ исфрлени околу триста тони отпад

Екипи на ЈПКД „Комуналец” денеска продолжија со расчистување на остатоците од големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал” во Струмица. Завчера и денеска до пладне се исфрлени околу триста тони најразличен отпад, најмногу од делот на Градскиот пазар каде изгореа голем број тезги и продавници.

Според Бранко Ѓоргиев од „Комуналец”, околу 60 отсто од вкупниот отпад и опожарен материјал веќе е исчистен.

-Денеска почнавме со расчистување и на остатоците од пожарот од првиот спрат, а претпладнето ги изнесовме остатоците од неопожарениот дел каде претежно имаше зеленчук и овошје, кои се неупотребливи. Работиме според планираната динамика и се надевам дека до средината на идната недела ќе завршиме со чистењето за да може да почне санирањето и изградба на деловите кои беа зафатени од пожарот, рече Ѓоргиев.

Во пожарот, кој избувна на 2 овој месец во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот