Од Европската Комисија не го коментираат притворот на Јанева

Европската Комисија засега се воздржува од коментари за случајот „Рекет” и вчерашната одлука за притвор на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, порачаа портпаролските служби на ЕК за МИА.

Сепак, од Европската Комисија нагласуваат дека од македонските власти се очекува темелна истрага.

– Не коментираме тековни истраги, ЕУ потсетува дека е важно да продолжи борбата со корупцијата од високо ниво и да се воспостави правна одговорност за секаков криминал, стои во кусиот одговор на Европската Комисија до МИА.

Извори во Европската Комисија, која одигра значајна улога во создавањето на СЈО за време на преговорите од Пржино, велат дека од блиску се набљудуваат настаните во Северна Македонија околу случајот „Рекет” и дека засега во ЕК немаат јасна слика за тоа што точно се случува.

– Ситуацијата е многу комплексна, и чекаме да добиеме појасна слика и повеќе информации за да можеме евентуално да коментираме, велат дипломатите во Брисел.

Работата на СЈО, борбата против корупцијата и организираниот криминал се меѓу клучните услови за добивање датум за преговори во октомври, датум кој досега два пати беше одложуван.

Во Брисел никој не сака да шпекулира дали и како ќе се одразат последните случувања врз одлуката за доделување датум за преговори, но проценката е дека доколку власта и опозицијата во Северна Македонија покажат одлучност да се справат со корупцијата и да изнајдат трајно и убедливо взаемно решение, датумот сѐ уште е на дофат за земјата во октомври, коментираат за МИА дипломатите во Брисел.

Прочитајте и...  Украинска амбасада во Белград: Антиукраинска и антисрпска провокација на Саемот за туризам во Белград

Прочитај повеќе

ЕУ бара да се избегнуваат различни планови за превенција на коронавирусот

Слободен печат

Нуредини нема информации за причините за намалување на нивото на Преспанското езеро

Слободен печат

Поставени заштитни столпчиња во Стар Аеродром за олеснето одвивање на сообраќајот

Слободен печат

Исповед на луѓе кои го преживеале коронавирусот: Започнува со главоболка и вртоглавица, а потоа се влошува

Слободен печат

Со воени и државни почести погребан поранешниот египетски претседател Мубарак

Слободен печат

Во претшколско образование лани биле вклучени 38.094 деца

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Жбогар нема информации кога ќе се објават извешатите за Македонија и Албанија

Слободен печат

Панчевски осуден за мобинг

Вучиќ: Нема заразени со коронавирус во Србија

Мерки за подобра заштита од коронавирусот, како подобро да се заштитиме?

Слободен печат

Тажното мајмунче Лука од битолска зоолошка се врати во Скопје ЗОО

Слободен печат

За пензионерите во Полска ќе биде воведен годишен бонус

Слободен печат