ФОТО+РЕЦЕПТИ | Од домот на Бранко во Вевчани: Секогаш се враќам дома, на кафето под дренот, кашаникот на мајка ми, на вевчанската убавина и спокој

Фото: Приватна архива

Југозападниот дел на нашата држава го крие едно од најубавите и најмагичните места, наречено Вевчани, кое ги има собрано сите природни убавини во едно. Сместено под падините на планината Јабланица, во близина на Охридското Езеро и убавиот Црн Дрим, Вевчани е место на кое постојано ќе се навраќаме. Покрај сите природни убавини кои ги има, Вевчани е препознатливо и по ведрите луѓе, секогаш гостопримливи и љубезни кон туристите и посетителите. Од магичното Вевчани потекнува и познатиот гастроном и љубител на кулинарството, Бранко Попоски, познат под псевдонимот „Готвиме со Бранко“ („Cooking with Branko“), кој секогаш сака на своите следбеници да им претсави рецепти од вевчанската кујна. Горд на своето место на раѓање, Бранко за Вевчани вели дека е поим за мир и благосостојба.

приватна архива

Љубовта кон готвењето ја добил уште од мали нозе, благодарение на неговата мајка која е исто така голем љубител на готвењето. Кујната за Бранко претставува место за одмор и изразување на креативноста. Вели дека ужива во мирисите на кујната и секој рецепт го подготвува со посебна љубов и внимание. Иако живее и работи во Скопје, Бранко обожава слободните денови да ги поминува дома, подготвувајќи вевчански специјалитети.

Вевчанската убавина според Бранко се отсликува со чистиот воздух и мирните утра, а најубавото чувство кое според него го нема никаде, освен во неговото Вевчани, е испиеното турско кафе во дворот под дренот, со поглед кон Охридското Езеро и мирисот на топол леб кој се шири секое утро.

приватна архива
приватна архива


Каде и да одам, секогаш се враќам дома. На дворот, куќата каде што израснав, на топлите прегратки и насмевката на мајка ми и татко ми, на моментите од детството, на зеленилото и дворот кои неизмерно ми недостигаат во Скопје и на мирот, спокојот кој што го има домот и моето Вевчани. Некогаш, толку многу ми е тешко да зборувам за Вевчани…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот