Од диви депонии до нула отпад, како Љубљана го реши проблемот со ѓубрето - Слободен печат
ВестиРегион

Од диви депонии до нула отпад, како Љубљана го реши проблемот со ѓубрето

Пред 15 години, целиот отпад на Љубљана завршуваше на отворени депонии, но до 2025, планираат најмалку 75 отсто од ѓубрето да биде рециклирано.

Љубљана е првиот главен град во Европа кој се осмелил да си постави цел, нула отпад. Но само пред 15 години, целиот отпад завршуваше на отворените депонии околу градот, пишува Гардијан.

– Тоа е скапо, зафаќа простор и тоа е фрлање на ресурси – вели Нина Станковиќ од „Вока Снага“ градското претпријатие за менаџирање со отпадот.

Се започна во 2002 година кога Љубљана воведе контејнери за селекција на отпадот, хартија, стакло и пакети. Четири година подоцна, градот започна да собира и биоразградлив отпад, од врата на врата, био-отпадот во Европа ќе мора да се селектира до 2023 година, но Љубљана беше речиси две декади пред цела Европа. Во 2013 година, секој дом доби канта за отпад од пакувања и хартија. Исто така, многу контроверзно, собирањето на отпадот беше намалено, што ги натера граѓаните да го селектираат својот отпад поефикасно.

Резултатите беа импресивни, во 2008 година градот рециклираше само 29.3 отсто од својот отпад и заостануваше зад Европа. Денес таа бројка е 68 отсто и депониите на отворено добиваа речиси 80 отсто помалку отпад, што ја стави Љубљана на врвот во Европа. Словенската престолнина создава околу 115 килограми отпад по жител, додека европски град со најмалку отпад е многу помалиот италијанскиот град Тревизо, кој создава 59 килограми отпад по жител.

EPA-EFE/ANTONIO BAT

Развојот на најмодерната депонија во Европа за третирање на био-отпад беше голем чекор на Љубљана за постигнувањет на својата цел, минимум 75 отсто рециклиран отпад до 2025 година. Регионалниот центар за менаџирање на отпадот се отвори во 2015 година и денеска опслужува речиси четвртина од цела Словнија, користи природен гас за создавање на топлина и електрична енергија. Процесуира 95 отсто од отпадот во рециклиран материјал и гориво и помалку од 5 отсто од отпадот завршува на депонија. Додека пак, од био-отпадот создава ѓубриво за земјоделство.

Но не е се во процесирањето на отпадот. Превенцијата, повеќекратната употреба на отпадот и рециклирањето ја предводеа оваа трансформација на Љубљана. Освен собирањето на отпадот од врата на врата, Љубљана има два големи контејнери каде граѓаните можат да го остават отпадот. Тие се толку популарни, што градот планира да изгради уште барем три вакви контејнери и уште 10 помали во погусто населените области од градот.

– Не се сеќавам на времето кога не го селектиравме отпадот, знам точно во кој контејнер треба да го фрлам отпадот и се тоа го селектирам по ред – вели Хенрик, жител на Љубљана.

Работите што не се скршени, се повторно користат. Предметите се прегледуваат, чистат, потоа се продаваат по ниска цена, исто така постојат и неделни работилници кои ги учат граѓаните како да ги поправат скршените предмети.

Во Љубљана, сите јавни институции користат тоалет хартија која е изработена од рециклирано тетрапак пакување за млеко и сок.

Во меѓувреме во Скопје:

Водата во фонтаните наскоро ќе потече, а дотогаш ќе ги „разубавува“ ѓубрето (ГАЛЕРИЈА)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close