Од денеска во Црна Гора на сила нови мерки за ограничување

Во согласност со големината на објектот и бројот на корисници, потребно е да се обезбеди едно или повеќе лица кои ќе го контролираат почитувањето на мерките – таканаречени корона чувари, пренесе порталот РТЦГ.

Од денеска во Црна Гора се применуваат нови мерки за ограничување за спроведување на пандемијата на Ковид-19, а со нив е предвидена забрана за напуштање на домовите од 22 до 05 часот наутро и работењето на продавниците од 7 до 20 часот, додека угостителските објекти работат од 07 до 18 часот, пренесуваат црногорските медиуми.

Компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија на прехранбени производи (пазари, супермаркети, хипермаркети) ќе работат од 07 до 20 часот, а компаниите и претприемачите кои се занимаваат со трговија на непрехранбени производи и услуги (трговски центри, продавници за обувки и облека , салони за убавина)… од 07 до 20 часот, се предвидува со новите мерки.

Во согласност со големината на објектот и бројот на корисници, потребно е да се обезбеди едно или повеќе лица кои ќе го контролираат почитувањето на мерките – таканаречени корона чувари, пренесе порталот РТЦГ.

Меѓуградскиот сообраќај, исто така, е забранет од петок во 22 часот до понеделник во 05 часот наутро.

Задолжително е правилно носење маска и одржување физичко растојание во затворен и на отворен простор. Забранети се масовните или социјални собири, како и собири во станбени згради. Забранети се и собири во групи со повеќе од четири возрасни заедно на отворено.

Верските заедници се должни да ги прилагодат своите активности на сегашната епидемиолошка состојба, а истото важи и за погреби и помени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот