Од денеска полициски час од 23.00 до 5.00

epa09066716 Police officer controls the documents of the man in his car during the curfew in Skopje, Republic of North Macedonia, 10 March 2021. Due to the continuous increase in the number of newly infected people with COVID-19, North Macedonia Government declared new curfew next two weeks starting from 10 March. The curfew begins at 10pm until 5am in the morning every day, including two weekends. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

По препорака на Комисијата за заразни болести, поради стивнувањето на епидемијата во земјава, Владата донесе одлука наместо од 21.00 часот, полицискиот час од денеска да започнува од 23.00, а ќе трае до 5.00 часот.

На вчерашната седница Владата донесе одлука и за измена на работно време на угостителските објекти, односно од денеска тие ќе бидат отворени до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.

Се уште остануваат во сила сите останати рестрикции со цел заштита на граѓаните од пандемијата од ковид-19.

Од ЈСП соопштија дека од денеска јавниот превоз ќе сообраќа до 23.00 часот.

Ублажувањето на рестрикциите следува по неколкудневното стивнување на епидемијата. Намален е бројот на навозаболени, хоспитализирани и починати.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 26 април до 2 мај тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,6 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=857; 41,5 отсто), со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 9,6 отсто до 17,7 отсто, просечно 13,1 отсто со намалување за 4,9 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=781, 37,6 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 години (n=349; 16,8 отсто), од 40 до 49 години (n=333; 16 отсто), од 30 до 39 години (n=323; 15,6 отсто) и од 20 до 29 години (n=172; 8,3 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=33; 1,6 отсто) и од 10 до 19 години (n=85; 4,1 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени” се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5 отсто споредено со минатата недела.

Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, што е за 20,9 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50 до 59 години и по едно лице од возрасните групи од 30 до 39 години и од 40 до 49 години.

Според последните податоци, во земјава се активни 13169 случаи на заболени од ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 152814 заразени со Ковид-19, оздравеа 134653, а починаа 4992 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот