Од денеска карпошани можат да аплицираат за субвенции за велосипеди, е-велосипеди и за е-тротинети

велосипеди
Велосипеди, Фото: Архива

Со вкупен фонд од 700.000 денари што ги обезбеди од својот буџет, Општина Карпош од денеска ја започна акцијата за субвенционирање при купување  нов велосипед, електричен тротинет и електричен велосипед. Ќе се субвенционира до 30 отсто од цената за нов велосипед, односно најмногу до 3.000 денари, како и за купување на е – тротинет и е – велосипед до 30 отсто од цената или најмногу до 5.000 денари.

Право на субвенционирање има секој полнолетен жител на општината, кој ќе купи нов велосипед или електричен тротинет и електричен велосипед започнувајќи од денес, 21 март. Акцијата ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства, при што ќе важи принципот “прв дојден, прв услужен“.

Сите заинтересирани треба да достават неколку документи како што се барање за субвенција, изјава за согласност за обработка на лични податоци, фотокопија од лична карта и од трансакциска сметка и фискална сметка за купен велосипед или електричен велосипед и тротинет не порано од 21 март.
Како што информираат од Карпош, право на учество немаат оние граѓани кои веќе добиле субвенција од Град Скопје за тековната година.

По поднесувањето на документите, по писмен или електронски пат, подносителите во писмена форма ќе бидат известени дали ќе бидат корисници на субвенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот