Од денеска дожд и постудено, за викендот стабилизација

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи, според УХМР, ќе има доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30л/м2) кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој кон крајот на денот ќе се промени во северен. Максималната темпертура ќе достигне до 28 степени на југоистокот на земјава. Во Скопје и во Битола до 26, во Охрид до 21, во Штип до 27…

Дожд ќе има и утре претпладне, а ќе дува и засилен северен ветар, па утрешната максимална температура ќе достигне само до 20 степени. За викендот се очекува стабилизација и максимални температури в сабота до 23, а в недела до 24 степени. В понеделник во вечерните часови ќе има повремен дожд, а температурата ќе достигне до 22 степена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот