Од денеска целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора

Водно фото МИА

Поради зголемениот ризик од пожари од високите температури и портокаловата фаза со која е зафатен регионот, како и големиот број локални пожари што се активни на терен, на барање на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, Владата од денеска воведе целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора.

Од Град Скопје апелираат до сите граѓани да ја почитуваат забраната и да не се движат низ шумските подрачја во земјата, поради заштита на личната безбедност и поради спречување натамошно ширење на пожарите.

-Воедно доколку забележите пожар ве замoлуваме веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот