Од денешното тестирање сите македонски репрезентативци се негативни на ковид-19

Ковид-проблеми во македонската ракометна репрезентација непосредно пред стартот на ЕП 2022/Фото: macedoniahandball.com.mk

Денеска (18.00 часот) македонската сениорска репрезентација ќе има уште еден контролен натпревар против Израел како последен тест пред заминувањето за унгарскиот Дебрецин каде што ќе ги играме натпреварите од Европското првенство.

Во текот на вчерашниот ден на првиот пријателски меч нашите најдобри ракометари славеа против Израелците.

Потсетување дека ривали во групата „А“ на ЕП во Дебрецин ни се Словенија, Црна Гора и Данска, а прв противник ни се Словенците на 13 јануари.

Како што е веќе познато, само вакцинирани ракометари може да играат на континенталниот собир, а дел од селекциите кои се токму наши противници се соочуваат со ковид-проблеми.

Најновата информација вели дека од денешното тестирање направено во утринските часови во македонската репрезентација сите се негативни на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот