Од денес и официјално: Ѓоковиќ повторно е најдобриот во светот!

Фото: EPA-EFE/James Ross

Со победата против Стефанос Циципас и освојувањето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се врати на првото место на АТП листата.

За српскиот тенисер ова е враќање на врвот на АТП листата по 12. јуни. Ѓоковиќ на врвот сега има 7.070 бодови со што со 340 е пред младиот Шпанец, Карлос Алкараз кој турнирот во Мелбурн го пропушти поради повреда.

Зад Алкараз следува противникот на Ѓоковиќ, Циципас, потоа, Каспер Руд, Андреј Рубљов, Оже-Алијасим, Тејлор Фриц, Холгер Руне и Хуберт Хуркач.

Ѓоковиќ е блиску и до апсолутниот рекорд на Штефи Граф со недели поминати на првото место, за го сруши рекордот потребно му е да остане точно уште еден месец на врвот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот