Од денес без провизии за трансакции преку e-banking и moby banking на Халкбанк

Од денес па до крајот на месецов физичките лица, клиенти на Халкбанк, сите трансакции во денари преку услугите e-banking и moby banking можат да ги вршат бесплатно, без провизија.

Овој чекор на ослободување на клиентите од плаќање провизии Халкбанк го презема со цел да се избегне физичка посета на банките како мерка на претпазливост и грижа на здравјето бидејќи на тој начин се заштитуваат и корисниците на банкарски услуги и вработените на шалтерите.

Халкбанк претходно веќе ги повика своите клиенти да ги користат повеќе онлајн услугите наместо класичното одење на шалтер во периодов кога Владата на Република Северна Македонија презема дополнителни мерки за заштита.

За платежни кредити, картички и депозити постои можност и за онлајн аплицирање преку копчето Аплицирај за на веб страната на банката како и преку контактите на банката и филијалите достапни на истата.

 

Во време на мерки, претпазливост и грижа за најважното – а тоа е здравјето, банкарските услуги на Халкбанк како и сите останати за кои постои можност, правете ги онлајн и безконтактно.

 

Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот