Од Дебар заминаа 106 лица кои беа затекнати со прогласувањето на кризната сосотојба

Доцна попладнево од Дебар заминаа 106 лица кои беа затекнати со прогласувањето на кризната сосотојба во Дебар и Центар Жупа, поради коронавирусот, информира МИА.

Како што информираа од Оперативниот штаб станува збор за лица од други градови на Северна Македонија,кои беа сместени во хотелските капацитети на „Дебарски Бањи -Цапа“, а кои се согласиле да останат во домашна изолација уште 14 дена.

Со полицска придружба, во зависност од местото на живеење, дел заминаа преку контролниот полициски пункт на Бошков Мост, на патот кон Маврово, додека дел преку пунктот кај ХЕ „Глобочица“ на патот кон Струга.

Останатите 12 лица, странски државјани, пред се од Шведска и Албанија, Дебар ќе го напуштат според соодветен протокол во соработка со Амбасадите на земјите од каде што се.

Затекнатите лица во четвртокот попладне беа вратени од контролнте полициски пунктови поради тоа што имале само потврда од епидемиолог дека се здрави, но во договор со надлежните и согласност на лицата да останат во домашна изолација уште две недели тие доцна попладнево заминаа во своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот