Од Црвена Звезда на позајмица во Работнички (ФОТО)

fkrabotnicki.com

Крстевски доаѓа во Работнички како позајмен играч од редовите на српскиот шампион Црвена Звезда.

Со „романтичарите“ потпиша договор на една сезона и ќе го засили нападот во составот на Александар Влахо.

Ја започна кариерата во редовите на Пролетер Зрењанин, беше член и на бугарскиот тим Локомотив Софија, а минатата сезона го облече дресот на Црвена Звезда, по што беше позајмен во Графичар.

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига составот на Влахо ќе ја стартува в сабота на гостувањето кај Струга Трим Лум (17.30 часот).

Во летните подготовки тимот одигра пет пријателски средби, забележа една победа, претрпе еден пораз и трипати ремизираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот