Од црвен тепих во затвор: ПРВИТЕ фотографии од затворот на ОЧАЈНАТА ДОМАЌИНКА (ФОТО)

Фотографија: Instagram

Фелисити Хафман или Линет од „Очајни домаќинки“, ја отслужува затворската казна која е во времетраеење од две седмици. Таа е осудена на затворска казна, бидејќи платила 15.000 долари мито за упис на својата ќерка на престижен факултет во Калифорнија.

Се појавија фотографии на кои 56-годишната актерка шета во надворешниот дел на затворот, во темно-зелен комбилезон и бела капа на главата. Истиот ден во посета и дојде семејството помеѓу кои беше нејзиниот сопруг Вилијам Х. Мејси и ќерката Софија.

Хафман се предаде во вторникот и тогаш започна да ја служи својата двонеделна казна, додека вината ја призна уште во мај. Покрај актерката застанаа и дел од нејзините познати колеги како што се Алек Болдвин и Ева Лонгорија, некогашната колешка од сетот на култната серија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот