Од бескуќник до милионер
Кога ќе го видите овој човек никогаш не би помислиле дека некогаш бил бескуќник. Станува збор за човекот по име Калил Рафити, кој денес има 46 години. Сега е богат и ужива во милионите, ама не било отсекогаш така.
Пред 13 години, овој човек бил зависен од дрога и бездомник. Тогаш му помогнал еден пријател кој го убедил да започне бизнис со природни сокови. Калил почнал да продава природни сокови, а наскоро го проширил бизнисот.
Прво правел сокови во центарот за рехабилитација каде што престојувал, а подоцна ја основал компанијата „Sunlife organics“.
Набрзо сите дознале за него, а толку станал баран што отворил ланец на барови. Вработените велат дека добро ги третира и дека се задоволни.
Калил тврди дека никогаш нема да заборави каде бил и кој му помогнал да се издигне.
Многу познати личности ги посетуваат неговите барови, а меѓу нив и Ентони Кидис од „Ред хот чили пеперс“ и Арнолд Шварценегер.