„Од Белград до Софија за 3 часа“ – Вучиќ и Борисов во обиколка на новиот автопат

Фото: МИА

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Софија на средба со бугарскиот премиер Борисов.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ порача денеска, во текот на посетата на Бугарија дека Србија и Бугарија се две пријателски земји, кои работат заедно на два големи проекти – автопат и гасовод, кои, како што истакна се од суштинско значење за двете земји.

„Бевме во обиколка на двата важни проекти, заеднички, завршувањето на автопатот меѓу границите на двете земји и Софија, а потоа ќе се вози од Белград до Софија за 3 часа. Тоа е нешто за што ниту Србите, ниту Бугарите пред многу децении не можеа ниту да сонуваат“, рече Вучиќ во обраќањето до новинарите, откако со Борисов ја обиколи трасата на идниот гасовод „Балкански тек“, во местото Крушумски водопади.

Вучиќ му се заблагодари на премиерот на Бугарија, што, како што рече вложи многу труд, енергија и ентузијазам во правењето на најдобри можни односи меѓу Србија и Бугарија, и Србите и Бугарите. Додаде дека изградбата на „Балкански тек“ е од суштинско значење за иднината на Србија и Бугарија.

„Му благодарам на Бојко Борисов, зошто денеска видов повеќе од своите претходни патувања“, констатираше Вучиќ и ѝ се заблагодари на Бугарија на поддршката на патот кон ЕУ, што, како што рече, не е секогаш лесен.

Истакна дека Србија ја доживува Бугарија како вистинска пријателска земја, а бугарскиот народ како братски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот