Од АВМУ ја осудуваат изјавата на Заев: Премиерот да се воздржи од етикетирање и дискриминирање
Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми „АВМУ“, соопштија дека најостро ја осудуваат изјавата на премиерот Заев, во која тој го употребува зборот „педер“.
„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува денешната изјава на премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“ која е проблематична најмалку по три основи. Имено, премиерот, како носител на јавна функција, наместо да ја прифати и да ја почитува улогата на новинарите како критичари на работата на власта се обидува да дискредитира новинар. Наместо да покаже највисоко ниво на почитување на различностите, тој употребува етикетирање кое што е деградирачко за ЛГБТ-лицата. Заев во својата изјава исто така не ја почитува ниту пресумпцијата на невиност“, соопштија вечерва од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).