Од Арапската пролет и убиството на Бин Ладен, до доаѓањето на Трамп и мигрантската криза – кои се најважните светски настани во последната деценија

Кога започна Арапската пролет, војната во Сирија, мигрантската криза? Која година е избран Доналд Трамп, а кога беше одржан референдумот во Велика Британија? Се додека часовникот не означи полноќ на 31 декември, можеби историски нема да бидеме во третата деценија на третиот милениум, но тешко дека ќе можеме со сигурност да се присетиме на сите настани поради кои светот во еден момент се стресе, па дури и застана во последните десет години, пишува „РТС“.

2010 година ќе ја помниме по природните катастрофи. Хаити во јануари го погоди земјотрес со силина од седум степени по Рихтеровата скала. Точната бројка на загинати никогаш не е утврдена, но проценките почнуваат од 160.000 луѓе, колку што наведуваат независните извори, до преку 300.000 луѓе, колку што тврдеше владата на Хаити.

Во април на Исланд се случи ерупција на вукланот Ејафлајалокул. Самата ерупција не беше толку силна, но предизвика ослободување на големи количини на пепел во воздухот, поради што речиси цел авиосообраќај во западна и северна Европа беше прекинат. Откажани се 95.000 авионски летови.

2011 година во Пакистан на 2 мај, американските специјалци во операцијата „Копјето на Нептун“ го убија Осама бин Ладен, основачот и лидер на терористичката организација Ал Каеда. Операцијата во живо од Белата куќа ја следеше тогашниот претседател на САД, Барак Обама, потпретседателот Џо Бајден и државната секретарка Хилари Клинтон.

На 8 јули последен пат полета вселенскиот брод „Атлантис“, со што е означен крај на вселенскиот програм. НАСА изгради пет летала: „Колумбија“, „Челенџер“, „Дискавери“, „Атлантис“ и „Ендевор“. Леталото „Челенџер“ експлодираше непосредно по неговото лансирање, на 28 јануари 1986 година, а на 1 февруари 2003 година, пред слетувањето се распадна и леталото „Колумбија“, по што НАСА по повеќе од 30 години, одлучи да ги повлече сите овие вселенски летала од употреба.

Во декември, по самозапалувањето на продавачот на овошје Мухамед Бузизи во Тунис, започна серија на протести и демонстрации во оваа земја и во други арапски земји на северот на Африка и на Блискиот исток – овие протести станаа познати под заедничкото име „Арапска пролет“. Протестите во одредени земји придонесоа до смена на режими и граѓански војни.

Во близина на островот Гиљо на 13 јануари 2012 година делумно потона италијанскот брод за крстарење „Коста Конкордија“. Бродот се преврте на една страна откако удри во гребенот. Поради несигурноста за тоа дали да се побара помош и одлагањето на почетокот на еакуацијата, во несреќата загинаа 32 лица. Капетанот на бродот Франческо Скетино, наречен „Капетан Кукавица“, кој го напушти бродот пред сите патници да бидат евакуирани, осуден е за убиство од небрежност и предизвикување на продолом на 16 години затвор.

Фото: Профимедиа

Битката за Алепо во јули 2012 година, една година по почетокот на протестите во оваа земја, и официјално го означи, од страна на меѓународната заедница, почетокот на граѓанската војна во Сирија. За разлика од другите земји во кои „Арапската пролет“ заврши со жртви но без оружани судири, во Сирија како и во Либија дојде до „внатрешни оружани судири“, односно граѓанса војна која трае до денес.

Бомбашкиот напад за време на Бостонскиот маратон се случи на 15 април 2013 година во близина на целната лининја. Од двете експлозии едноподруго загинаа три лица, додека 183 беа повредени. За нападот се осомничени браќата Џохар и Тамерлан Царнаеви, со потекло од Чеченија. Тамерлан Царнаев е убиен во судир со полицијата, додека Џохар е уапсен.

На крајот на годината почина Нелсон Мандела, првиот демократски избран претседател на Јужноафриканската Република (ЈАР) и симбол на борбата против апартхејдот и расизмот.

Во Украина дојде до ескалација на кризата. По почетните протести на киевскиот плоштад Мајдан, против проруски ориентираниот претседател Виктор Јанукович, за време на 2014 година доаѓа до негова промена, но и до ескалација на судирите. Во судирите со полицијата животот го губат многу демонстранти, па следи анексијата на Крим од страна на Русија и почетокот на судирите на истокот од земјата, особено во Донецк.

Приливот на мигнратни претежно од Азија и Африка во Европа константо е во пораст од 2010 година, но главно се одржуваше на медитеранските брегови на Италија. Од средина на 2015 година, огромна бројка на мигранти минуваат преку Средоземното Море, па така се отвора и таканаречената копнена „Балканска рута“.

Фото: EPA-EFE/GAILAN HAJI

Терористичкиот напад во Париз во ноември е изведен на шест места во центарот на градот, кога се убиени најмалку 130 лица, најголем број во концертната сала Батаклан. Во исто време се изведени напади на ресторани и барови во центарот на градот, неколку експлозии одекнаа кај националниот стадион, а во посетителите на концертот е пукано директно. Преку 350 лица се повредени, а одоговрноста ја презема терористичката организација Исламска држава.

На референдумот одржан во јуни 2016 година, мнозинство на Британци гласаа за излез од Европската Унија. По неколку одложувања, избори и смена на премиери, т.н. Брегзит се уште не е завршен.

Крајот на годината го одбележа изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Околу 60 луѓе се убиени, а повеќе од 500 ранети во пукање во Лас Вегас во октомври 2017 година. Напаѓачот кој подоцна изврши самоубиство, отвори оган од прозорец на хотелот „Манделеј беј“ на публика која следеше музички концерт. Пукањето во Лас Вегас е прогласено за еден од најсмртоносните напади во историјата на САД.

Американските власти раздвоија повеќе од 2.500 деца од своите родители кои немаа документи на мексиканско-американската граница на почетокот на 2018 година. Тоа е направено според политиката за „нулта толеранција“, за да се сузбие нелегалната миграција. По силните критики и протести ширум земјата, американскиот претседател Доналд Трамп во јуни ја суспендираше таа одлука.

Торнада и пожари, протести во Хонгконг и земјите на Јужна Америка, штрајкови во Франција, еколошки маршеви ширум светот, глад, војна и миграција, пукање во Нов Зеланд и пожар во Нотр дам, обид за почнување на процесот за отповикување на Доналд Трамп се само некои од настаните кои ја одбележаа 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот