Од април вакцинираните Израелци слободно ќе патуваат во Кипар

epa09013020 Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu delivers a statement with the Cyprus President Nicos Anastasiades (not pictured) after their meeting in the Prime Minister's office in Jerusalem on 14 February 2021. EPA-EFE/MARC ISRAEL SELLEM / POOL

Израелскиот „зелен пасош” за лицата кои ја примиле вакцината, била една од темите за кои разговарале и се договориле претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху на нивната вчерашна средба, па така, од 1 април израелските граѓани кои се вакцинирани, слободно да патуваат во Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

-Задоволство ми е да Ве информирам дека е постигнат договор меѓу надлежните органи на нашите две земји врз основа на кој од 1 април 2021 година, израелските граѓани кои се вакцинирани со вакцина одобрена од Европската агенција за лекови, нема да биде потребно да прават ПЦР тест за да патуваат во Кипар, ниту да бидат во самоизолација по нивното пристигнување, рече Анастасиадис.

Министерот за транспорт и врски на Кипар, Јанис Карусос и заменик-министерот за туризам Савас Пердиос, за кипарската новинска агенција ЦНА позитивно го оценуваат договорот со Израел.

Пердиос објаснува дека предвидено е слободно патување на државјаните од Израел кои ги примиле и двете дози од една од трите одобрени вакцини, најмалку седум дена пред патувањето, додека пак за оние кои не ја примиле вакцината, не значи дека не можат да патуваат на Кипар, туку ќе треба да ги следат правилата за конкретната земја.

Додава дека за неколку седмици, кога ќе се зголеми бројот на вакцинирани на Кипар, ќе се разговара и за условите под кои кипарските државјани ќе можат да патуваат во Израел.

Министерот за транспорт и врски на Кипар говорејќи за кипарската новинска агенција, не ја исклучи можноста конкретното прашање да се разгледа и со други земји, но кога ќе бидат подготвени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот