Од 6.5 деца по жена паднаа на 1.37: Во Албанија се раѓаат помалку деца, а народот се повеќе старее

Фото: Профимедиа

Албанските жени во 1958 година раѓале во просек по 6.5 деца, па популацијата на оваа земја експлодирала. Но, 60 години подоцна се е друго. Последен пат кога бројот на деца по жена изнесувал 2.1, што е неопходна стапка за да се оддржи исто број на жители, било во 2003 година.

Минатата, 2018 година, изнесувала 1.37 деца по жена, што е „најниска стапка на фертилитет во историјата“, рекла Мајлинда Нестури, една од директорките во државната агенција за статистика.

Додека во 1990 година, биле родени 82.125 деца, а умрени 18.193 лица, 2018 година биле родени 28.934 деца, а загинале 21.804 луѓе. Албанија со тој број и понатаму е една од ретките земји на Балканот која има позитивен биланс.

Истовремено и Албанците стареат. Во минатите осум години просечната старост од 32.6 години пораснала на 36.7 години.

За да ги охрабрат фамилиите да имаат повеќе деца, државата на мајките им дава еднократна помош од 300 евра за првото дете, 600 евра за второто и 900 евра за третото.

Од државната агенција за статистика велат дека од 3.29 милиони жители колку имала Албанија во 1991 година, на почетокот на 2019 година таа бројка паднала на 2.86 милиони. Од таму очекуваат до 2050 година таа бројка да падне на 2.66 милиони.

Опозицијата во Албанија неодамна изнела податоци дека во минатата деценија околу пола милион луѓе ја напуштиле земјата, додека агенцијата тврди дека во истиот период се вратиле преку 260.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот