Од 30 до 45 деца до шест години годишно се разболуваат од леукемија

Фото: Слободен печат

– Статистиките покажуваат дека 84.7 проценти децата болни од леукемија успешно се излекувани, доколку болеста се открие навреме. Родителите треба да внимаваат на првичните симптоми како што се бледило, замор, вртоглавица, болки во коски и главоболки.

Леукемијата е излечива болест, но доколку се открие навреме. Ова денеска го истакна проф. д-р Светлана Кочева, на презентација на тема „Леукемија, болест што се лекува“, по повод 15 февруари, меѓународниот ден на деца заболени од рак.

– Статистиките покажуваат дека 84.7 проценти децата болни од леукемија успешно се излекувани, доколку болеста се открие навреме. Родителите треба да внимаваат на првичните симптоми како што се бледило, замор, вртоглавица, болки во коски и главоболки. Доколку овие симптоми на родителите не им изгледаат доволно алармантно, треба верднаш да реагираат ако на детето му се појават модринки по телото, крварење на кожата и честа висока температура, објасни Кочева.

На презентацијата беше истакнато и дека во Македонија годишно од леукемија заболуваат од 30 до 45 деца, од кои поголемиот дел се машки.

– Оваа болест најмногу ги погодува децата на воздраст од 1 до 6 години, а ризик фактори се возраста на мајката за време на раѓањето на детето, хемиски контаминирани подземни води, изложеност на радијација. Според податоците поголем процент на машки деца се разболуваат од лимфнобласна леукемија. Оваа болест почесто се јавува кај деца со Даунов синдром, Фанкони анемија, Дајмонфд блекфан анемија и болести на имуниот систем, објасни Кочева.

Директорката на Универзитетската Клиника за детски болести, Наташа Најдановска Алулоска истакна дека на Клиниката работи мал, но високо квалитетен тим лекари специјалисти на Одделот за хематоонкологија.

– Во тек е реновирање на Одделот за хематоонкологија на Клиниката, со што и просторно ќе се дополнат капацитетите и условите за третман на овие пациенти. Правиме се за доброто на овие деца кои се најосетливата и најранливата категорија пациенти на Клиниката, рече д-р Најдановска Алулоска.

Лекувањето трае од 24 до 30 месеци, зависно од типот на леукемијата и несаканите ефекти од терапиите кои понекогаш го одложуваат лекувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот